Monday, June 18, 2012

Soundscape workshop: Nature meets technology

post global recordings & co-linear recordings ви претставуваат:
Soundscape workshop: Nature meets technology

Работилница за звук во природна средина
Село Лазарополе; 22-24 јуни 2012

Куратори и координатори: Сашe Пуцковски и Тони Димитров



Концепт:
Во моментов, македонската музичка/аудио сцена и култура е во процесна создавање. Во такви услови потребата од базична едукација од областа на современите тенденции во аудио културата е и повеќе од потребна. Вмрежувањето помеѓу млади и надоаѓачки артисти како и артисти кои се веќе подолго време присутни на сцената и нивна взаемна соработка е нужност. Оваa работилница ќе се обиде на едно место да собере артисти и млади кои се заинтересирани за овие области, кои ќе работат заедно на практичен аудио проект, врз основа на кој би се создала база за нивна понатамошна соработка на ниво на локална сцена. Ова е еден чекор кон креирање на своевидна аудио заедница која ќе ги има сите параметри на една здрава сцена која меѓусебно ќе комуницира и соработува во иднина.

За работилницата:
Nature meets technology е насловот на работилница за музика, звучен пејзаж и теренски снимки, каде уметниците што сакаат природа и звук и имаат сличен пристап кон музиката и животот, ќе имаат можност се соберат на едно прекрасно место и заедно да работат, создаваат, да ја претстават својата работа, да соработуваат и да уживаат во природата.

Работилницата ќе се состои од работни сесии, кратки предавања, презентации, дискусии, теренско снимање на звуци и практична работа во природа, како и поединечни и групни настапи и импровизациски сесии на отворен простор.Резултатот од оваа работилница ќе се претстави со импровизациски сесии вo последниот ден од истата, а добиените снимки во нивната завршна форма ќе се издадат како колаборативно издание помеѓу етикетите кој стојат позади проектот: post global recordings и co-linear recordings.


Кога:
Работилницата ќе се одржи во текот на 3 дена од 22 до 24 јуни 2012.

Каде:
Работилницата ќе се одржи во планинското село Лазарополе, Западна Македонија. Планинско село на 1350 м.н.в. и една од највисоките населби во земјата. Прекрасно место кое се наоѓа на платото на планината Бистра, опкружено со букови и дабови шуми.

Зошто:
Бидејќи сме изолирани од метежот и бучавата на градот и хаосот на урбаниот живот. Бидејќи сакаме звучни пејзажи и теренски снимки. Бидејќи сакаме да правиме музика и изведуваме заедно. Затоа што во Лазарополе сме нурнати во непресушен извор на звуци. Бидејќи сме опкружени со воодушевувачки места многу блиску до селото и постојат многу отворени места каде што може да се работи. Затоа што ја сакаме природата!

Што обезбдуваме:
  • Обезбедуваме место за престој во текот на сите 3 дена на работилницата, во мала планинска куќа со сите услови (кујна, туш и тоалет).
  • Ги покриваме трошоците за патувањето од Скопје до Лазарополе и назад до Скопје. (бројот за престој и превоз е лимитиран, за останатите ке има обезбедено место за кампување и паркинг)
  • Ако е потребно (ако имате дополнителен ден во Скопје) може да се обезбеди место за спиење додека сте таму.
  • Простор за реализација на работилницата; голема соба (хотелско лоби) во центарот на селото.
  • Еден оброк дневно (групно готвење).
  • Основен дел од опремата.

Што треба да понесете:
Понесување на топла зимска облека (како џемпери и јакни) е неопходно! Иако е лето и во текот на денот температурата може да биде над 30 ° C, во текот на ноќта температурата може да падне до 4°C па дури и пониско. Носење вреќи за спиење исто така се препорачува.
Лаптопи, iPad, фото камери, рекордери, микрофони, контролери... 


Артисти учесници:

Александар Ордев
http://soundcloud.com/acoo
Александар Ников
http://soundcloud.com/aleksandar-nikov
Гоце Глигуровски
http://soundcloud.com/mnemonic45
Мартин Георгиевски
http://soundcloud.com/amplidyne-effect
Тони Димитров
http://soundcloud.com/acidfake
Саше Пуцковски
http://soundcloud.com/noitu



Програма:

Ден 1

· Пристигнување, регистрација на учесниците,
· Претставување на учесниците
· Вовед и запознавање со проектот, темите и целта на работилницата
· Општ вовед и преглед на програмата и прашањата кој ќе се разгледуваат во текот на   работилницата
· Заеднички брејнстормингоколу понатамошниот тек на работата

Ден 2

· Состанување на учесниците,
· Запознавање со техничките спецификации на оремата
· Работа на терен, бирање локации и снимањена материјалот
· Презентација на начинот на работа во студио
· Практична работа во импровизирано студио
· Доработување на проектите
· Заедничко преслушување на резултатите
· Затворачка дискусија помеѓу учесниците
· Заеднички собир со готвење и музички настапи на некои од артистите

Ден 3

· Состанување на учесниците, разгледување на досегашниот резултат
· Заеднички микс на снимените звуци (импроив сесија)
· Неколку настапи на учесниците на импровизиран бим во природна средина
· Спремање и пакување
· Враќање назад во Скопје


* * *

Настан:
https://www.facebook.com/events/451908768153024/?ref=notif&notif_t=plan_edited

Настанот се одржува во склоп на "Креативен викенд" - Лазарополе.
http://www.facebook.com/events/282639751828558/

web:
co-linear.com
post-global.com
soundscapeworkshop.blogspot.com

Tuesday, June 12, 2012

Soundscape in urban environment

post global recordings & co-linear recordings ви претставуваат

Soundscape in urban environment

Работилница за звук во урбан пејзаж

Градски парк, Скопје;  15 Јуни 2012 
Фестивал за креативни индустрии "Скопје Креатива" 
http://www.facebook.com/events/378103748917514/

Куратори и координатори: Тони Димитров и Сашe Пуцковски
Гости предавачи: Елена Стојановска и Димитар Додовски



Soundscape – Urban е интерактивна работилница од отворен карактер наменета за локални артист и млади кој се заинтересирани за звук, теренско снимање, аудио монтажаи продукција, радио арт, саундарт и сл. и сите оние кој имаат интерес да се запознаат со основите на звучната уметност. Работилницата ќе се состои од презентации и практична работа со звук, каде низ текот на оваа работилница ќе имаат можност прво теоретски да се запознаат со проблематиката и начинот на работа, а потоа и практично ќе се запознаат со концептот на теренско снимање со преносни аудио снимачи, како и целосен третман на снимениот звук од трансфер, монтажа, процесирање, секвенцирање па се до креирање и продукција на конкретна звучна форма како на пример:
•    аудио книга
•    аудио упатство
•    аудио мапа
•    звучна библиотека
•    радио форма
•    радио арт и сл.

Низ заеднички брејнсторминг самостојно ќе работат на развој на самиот концеп на работилницата, ќе се разгледаат и темите околу урбаната средина, градот, начин на гледање на градот и ќе се направи пресек на темите околу тоа кој е звукот на градот и трансмисија на локација низ звук.
Потоа ќе биде презентирано и дискутирано значењето на снимањето и едитирањето на звукот по што учесниците избираат тема и локација од градот за креирање аудио снимка. Низ современи методи на работа учесниците ќе имаат можност да се запознаат и конкретно со хардверски пристап на работа (опрема за синмање) како и со софтверски пристап преку програмите за аудио монтажа како Sony Sound Forge и аудио продукција Ableton Live. Дополнително гостите предавачи ќе направат презентација на својте аудио креации кој се блиски до концептот на работилницата и ќе водат една од групите во понатамошниот процес на работилницата.
Вториот дел од програмата е практичен и се состои од практични задачи како работа со софтвер, хардвер за снимање, излегување на терен и снимање, припремање и едитирање на снимките. Финалната фаза се состои од креирање на некоја од споменатите конкретни звучни форми со примена на претходно направените снимки. На крајот на работилницата сработените резултати ќе бидат презентирани во рамките на самиот фестивал.
Овие снимки во нивната завршна форма исто така ќе бидат емитувани на музичкото радио Канал 103, а дел од нив ќе бидат употребени за креирање на 30 минутни програми за следниот круг на емитување на RADIA– транс европската радио мрежа (http://www.radia.fm/), каде е вклучено радиото Канал 103, со можност за презентација на овие дела на повеќе од 20 светски радио станици кои се занимаваат со звучна и радио уметност.

Работилницата ќе продолжи со свој втор и поинаков дел наредната недела во природна средина во планинското село Лазарополе.

Апликацијата за учество:

Секој заинтересиран може да се пријави, a учеството е бесплатно. На следниот линк можете да ја преземете апликацијата за учество на работилницата Soundscape in urban environment.